Барбара ја силувале 3 момчиња и ја фрлиле од мост: Родителите на исчезнатото девојче добиле ЗАСТРАШУВАЧКО писмо

0
loading...

За девојчето (15) Барбара Витез, за кое се сомнева дека на 25 ноември паднала од мост во Сента, сеуште се трага. Меѓутоа, родителите Ендре и Мелинда добиле анонимно писмо поради што изчезнувањето на девојчето може да добие сосема нов епилог. Анонимното писмо на унгарски јазик пристигнало на адреса на родителите.

– Во писмото стои дека Барбара ја нападнале три момчиња и дека ја силувале, а потоа ја фрлиле во реката Тиша. Сеуште сме во шок од нејзиното исчезнување, никогаш не сум верувала дека таа сама отишла на мостот и дека паднала во реката, раскажа мајката низ солзи.

loading...

Таткото Ендре сеуште не може да си дојде на себе од шок.

– Не можеме да веруваме дека постои можност за вакво нешто да се случи, Се прашуваме дали е ова само шега, не разбирам каква е намерата на ова писмо и кој го испратил. Предадов се на полиција и се надевам дека Барбара е жива, вознемирено раскажа и таткото.

Девојчето исчезнало на 25 ноември околу 22 часот, кога со другарите шетала по мостот кој ги поврзува Сента и Чока.

Извор:sitel.com.mk

loading...

Остави коментар