Дневен Хороскоп за 05.12.2016 ! (Понеделник)

0
horoskop
loading...

Што ве очекува денеска ? ?

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Понеделник, 05 Декември 2016

Не го напуштајте бродот кој тоне. Доколку вашите колеги се соочуваат со проблем на работното место, помогнете им, доколку близок минува низ тежок период, подајте му рака. Правете добрина ако сакате да ја добиете.

Не прескокнувајте фази во љубовната врска. Наместо да ги избрзувате нештата, дозволете им да се развиваат по природен пат.

БИК (20. IV – 20. V)

Понеделник, 05 Декември 2016

Денес ќе знаете што сакате и ќе работите напорно за да го добиете. Можно е да треба да го жртвувате слободното време за да ги постигнете вашите цели, но тоа нема да ви пречи. Ќе бидете како машина која не престанува да работи.

Луѓето ќе ги користат вашите стравови за да ги остварат нивните замисли, па не покажувајте дека се плашите дури и кога внатрешно треперите.

loading...

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Понеделник, 05 Декември 2016

Каде и да се свртите денес ќе наидувате на личности кои мешаат прсти во вашиот живот и ви го планираат времето. Не им дозволувајте! Укажете им дека самостојноста ви е најважна од сè.

Некои близнаци ќе добијат понуда за нова работна позиција. Запомнете дека не е сè во парите.

РАК (21. VI – 22. VII)

Понеделник, 05 Декември 2016

Вие сте чувствителна личност, која ги мрази конфликтите, а така ќе биде и денес. Ќе претпочитате да бегате од расправиите и да се повлекувате од ситуациите кога некој ве напаѓа. Сепак, не велете „извини“ за нешто што не сте го направиле.

Планетите ќе ви дадат сила да се справите со стресен проект на работа. Потоа, дајте си го потребниот одмор.

loading...

Остави коментар