Жан Митрев: Вечерата ми е прв оброк!

0
loading...

zan-1-640x360

Наместо т.н. здрав и скап лосос, јадете ослиќ, а од месо, најздраво е зајачкото. Наместо домати во зима и сланина во лето, вратете и се на традицијата и јадете сезонски продукти како што јаделе нашите претци. Тоа е формулата за здрава исхрана наместо бесполезните и штетни диети, вели академик д-р Жан Митрев во интервјуто за порталот Арт кујна.

Во една пригода рековте дека воопшто не јадете се додека не завршите со операциите. Вашиот прв оброк ми се чини рековте тогаш, е дури вечерата. Дали се уште функционирате на  тој начин, како изгледа Вашето дневно мени?

– Така функционирам одамна. Тоа е мој начин на живот и преку неделата главно работниот ден ми е таков. Наутро станувам и наместо кафе или чај, гледам да испијам барем еден литар вода затоа што за време на спиењето организмот губи минимум пола литар течност па најбитно е да се внесе вода. Кафето и чајот се јаки диуретици и уште толку ја потенцираат дехидрацијата на организмот. Заради континуирана релативна дехидратација и уште некој дополнителен услов, како што е долготрајно седење, долго патување и слично, може да дојде до поголеми здравствени проблеми, како тромбоза во вени, пулмонална емболија или мозочен удар или дури инфаркт. Има луѓе кои практично не пијат вода, a таа е најдобриот и најефикасен начин да го почнете денот и доколку пробате ќе видите дека така ќе бидете и најсвежи.

loading...

Првиот оброк ми е кога ќе завршам со операциите, а тоа е некаде околу 7-8 навечер и главно е преку неделата јадење без месо, некое обично јадење како спанаќ, турлитава, сарма, полнета пиперка, не мора со месо, туку со ориз, со ореви, а и ако е со месо, тогаш е тоа минимална количина месо. Омилена ми е рибјата чорба со ослиќ, која е една од можеби посигурните риби кои се ловат во Атлантскиот Океан, кои се длабоко замрзнати и се добри за јадење иако многу луѓе мислат дека не се. Има некои работи кои се обични и не мора да се скапи и недостапни за да бидат здрави. Преку викенд си дозволувам да се опуштам па знам да се напијам и една, најмногу две чаши вино, нешто што не доаѓа предвид за време на работната недела. Си дозволувам и некои други нешта кои преку недела не ги консумирам. На пример, ако одам дома, во Штип, посетата не поминува без пастрмајлија. Благо никогаш не сум сакал и баш ме интересира какви ќе бидат моите резултати од генетското испитување кое го правам деновиве иако сметам дека најчесто ние интуитивно чувствуваме и сме многу блиску до генетското. Едвај чекам да видам дали тоа ќе се потврди во мојот случај.

Инаку, овој начин на живот сум го изградил и сум се навикнал на него, но и ми одговара. Имам напорен работен ден и сум испробал и сум видел дека било какво отстапување од овој мој режим не ми одговара и не се чувствувам добро.

Извор – курир.мк

 

loading...

Остави коментар