Како до рамен стомак за еден ден?

0
loading...

Надуениот стомак е непријател број еден на најголемиот број луѓе бидејќи најголемиот број од нив го поврзуваат со зголемена телесна тежина.

Сепак вистината е дека надуениот стомак воопшто нема врска со вишокот на килограми, туку се јавува пред сè како резултата на неправилна исхрана и несоодветен начин на живот.

За да ги избегнете сите тие непријатности, следете ги советите кои експертите ги посочуваат како основни начини со кои вашиот стомак ќе се врати во нормала за само еден ден.

1. Пијте повеќе вода

Нашето тело се состои од околу 70% вода и и покрај фактот што мислите дека со пиење вода само дополнително го надувате стомакот вистината е целосно спротивна. Водата е таа која го поттикнува лачењето на течностите а со тоа и исфрлањето на сите штетни токсини наталожени во телото.

2. Внимателно бирајте какво овошје и зеленчук јадете

Сите овошја и зеленчуци му користат на организмот, но внимавајте кога истите ги купувате од супермаркет. Брокулата, карфиолот и зелката може да предизвикаат надуеност кај оние кои имаат проблем со желудникот заради недоволно лачење на ензими за разградување на истите.

3. Намалете го внесот на млечни производи

Некои луѓе имаат намалено лачење на ензимот лактаза потребен за разградување на лактозата, шеќер кој се наоѓа во млекото. Токму тоа често може да доведе до чувство на непријатност, гасови и надуеност.

4. Кажете им „не“ на кроасаните, колачите и тестенините

Иако јаглехидратите се важен сегмент од исхраната, сепак она кое експертите го препорачуваат се рафинираните јаглехидрати.

loading...

5. Ограничете го користењето на зачини

Ако сте фан на кари, изберете поблага верзија бидејќи внесот на голема количина зачини го стимулира лачењето на желудочна киселина и други ферменти кои предизвикуваат надуеност.

6. Внесувајте поголема количина храна која содржи фиброзни влакна

Фиброзните влакна се многу важни за здрав дигестивен систем. Затоа појадокот нека ви се состои од житарки, а во храната вклучете ги печурките, компирот и овошјата како урми и смокви.

7. Правилно џвакајте ја храната

Правилното џвакање на храната значи не само соодветна подготовка на храната за разградување во желудникот туку и побавно јадење. А, токму тоа е мошне важно за да се справите со проблемот на прејадување и надуеност.

8. Избегнувајте обилни оброци

Јадете почесто, но помалку. Ова е главното правило со кое вашето тело ќе има време соодветно да ја обработи храната која сте ја внесле, ослободувајќи ви ја потребната енергија.

9. Не џвакајте мастики

Можеби тоа е одличен начин за намалување на стресот и напнатоста во некои ситуации, но сето тоа дови до внесување на големи количини воздух што предизвикува надуеност. Исто така мастиката на некој начин ги стимулира ензимите за храна кои се лачат во желудникот, што дополнително влијаат на надуеноста на стомакот.

10. Избегнувајте засладувачи

Природните шеќери кои храната ги содржи во себе се многу корисни и организмот многу полесно може да ги апсорбира, што не важи и за вештачките засладувачи.

Извор – ЦрноБело.мк

loading...

Остави коментар