Кои се 5те работи кои ги открива вашата крвна група?

0
loading...

Големиот број на истражувања спроведени врз испитаници со различни крвни групи го потврдиле ова тврдење и докажале дека освен болестите, крвната група може да делува и на начинот на исхрана, а дури и на карактерот.

Ова се 5-те главни начини на кои крвните групи делуваат на нас:

1. Дали привлекувате комарци?

Луѓето со крвна група 0 се двојно попривлечни за комарците од останатите. Сепак добрата вест е дека тие имаат мали шанси да заболат од маларија, болест која ја пренесуваат токму комарците.

2. Бактерии во дигестивниот систем

Сите ја знаеме важноста на пробиотиците, микроорганизмите кои живеат во нашиот дигестивен систем, и нивното влијание врз нашето здравје. Истражувањата покажале дека присуството на овие бактерии во цревата зависи од крвната група, па во согласност со тоа треба да се држиме до соодветен начин на исхрана.

loading...

3. Ризик од алкохолизам

Според едно истражување, луѓето со крвна група А се склони кон алкохолизам, и тоа заради антигените во нивниот имунолошки систем кои реагираат поинаку на алкохолот за разлика од припадниците на другите групи.

4. Реакција на стрес

Бројни истражувања покажуваат дека хормонот на стрес кортизол е поврзан со многу нешта – од брзо стареење до склоност кон брза храна. Долгорочното зголемено лачење на овој хормон може да биде многу погубно, особено за луѓето со 0 крвна група.

5. Опсесивно компулсивно нарушување

Луѓето со крвна група А почесто патат од оваа состојба. Едно неодамнешно истражување, спроведено во Јапонија, покажало дека најдобриот збор кој ги опишува припадниците на оваа крвна група е „упорност“, но не каква било, туку одлучност, стабилност и упорност и покрај фрустрациите и уморот, што ги прави подложни на ова нарушување.

Превземено – www.crnobelo.com

loading...

Остави коментар