Нашата приказна заврши, уште пред да започне.

0
ljubov
loading...

 

Уште од мала бев научена дека секоја силна љубов, нема крај. Дека секоја приказна има среќен крај, но никогаш дека може да биде и спротивно од посакуваното. Но, како и да е, јас бев среќна со тебе. Не бевме совршени, никој не е. Имавме по милион мани, но се сакавме, такви какви што сме.  Ги гледаше и се смееше на моите глупости, ги слушаше моите луди идеи. Иако доцна видов дека живеам во свет од лаги, секогаш беше причина за мојата насмевка, за мојата среќа. Но каде си сега, каде се оние НАШИ среќни денови, во кои јас бев среќна, а ти ја глумеше среќата?.. Каде си пред спиње да ми посакаш Добра ноќ или "те сакам .. Понекогаш си размислувам дали барем еднаш искрено се намевна кога ме гледаше, дали еднаш моето Те сакам имаше значење во твоите очи, или тоа ти беше само една навика која мораше и ти да ја повторуваш секој ден. Дали еднаш посака да бидам до тебе, во вечерните ладни зимски денови, да бидам таа што ќе ти помогне, што ќе те утеши, што ќе биде секогаш до тебе?..Но, немам право да се лутам, ваква љубов не може да се возврати..Барем еден ден да беше искрен со мене. Оваа приказна немаше да заврши, уште пред да започне.

loading...

 

Ј.Ј

loading...

Остави коментар