Нејмар типува на Меси – Аргентинецот останува во Каталонија

0
loading...

Бразилецот, Нејмар смета дека е само прашање на време кога Лионел Меси ќе потпише нов договор со шпанскиот шампион Барселона.

На првата ѕвезда на Барселона, Меси се очекува да му биде понуден нов договор веќе во наредните неколку недели, најдоцна до крајот на следниот месец, имајќи предвид дека неговиот актуелен договор истекува во јуни 2018 година.

loading...

Неговиот соиграч Нејмар се надева дека Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“, и очекува договорот да биде финализиран наскоро, иако претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу неодамна изјави дека преговорите се уште не се започнати.

– Се надеваме дека Меси ќе остане во Барселона со нас. Очекувам дека ќе потпише нов договор наскоро, изјави Нејмар за медиумите во Сао Паоло, каде ќе ги мине претстојните празници, пред продолжувањето на сезоната во Примера на 8 јануари, за кога е закажано гостувањето на Барселона кај Виљареал.

loading...

Остави коментар