ОДБРАНАТА Е ТЕМЕЛОТ НА ПЕЛИСТЕР

0
loading...

Откако Наџи Шенсои го презема Пелистер, некои работи во тимот рапидно се подобрија. Екипата почна да освојува бодови, и тоа исклучиво поради една причина

Дефанзивата едноставно беше непогрешлива. На десет меча вкомпонирано, во шампионатот, односно во Купот, Пелистер прими само три гола. Навистина импресивно за екипа која игра прва сезона по враќањето во првата лига.

ПОТКЛЕКНАА ПРЕД ВАРДАР И ШКЕНДИЈА
По стотици минути минати без примен гол на одбраната на Пелистер, предводена од Горан Пашовски, Вардар, односно Шкендија беа екипите на кои, конечно, тоа им појде од рака. Со оглед на нивната играчка сила и капацитет овој податок секако дека е реален. Пелистер покажа и докажа дека е капацитет за нешто поголемо од обично прволигашко живуркање сезонава, и третото место секако дека е реално.
Па како и не би било кога само есенскиот шампион Вардар има помалку примено голови од битолскиот состав, десет. Пелистер пак има еден повеќе. Статистички гледано никој на Пелистер не му даде повеќе од два гола на еден меч, а тоа им успеа на Шкендија, Ренова, Шкупи и Македонија ЃП. Напомена дека сето ова се случуваше пред Наџи Шенсои да застане на чело на екипата.

loading...

ДЕФАНЗИВАТА, СЕПАК, ЌЕ СЕ ЗАСИЛУВА
И покрај овие сериозни бројки кои говорат за одличната игра на дефанзивците на Пелистер во изминатиот период, сепак, управата вели дека ќе носи засилувања и во овој домен. Степановски и Тодоровски пропуштија голем дел од сезоната, Бојовиќ, како и споменатите двајца исто така може да се вметне во графата ветерани, па реално стоперската позиција во Пелистер ја пополнуваа Бугаринот Ковачев и Мишевски од кој Шенсои беше исклучително задоволен.

Извор – Спорт.мк

loading...

Остави коментар