ОХРИД: Автомобил удри во осумгодишно дете

0
policija
loading...
Сообраќајката се случила вчера во 17.40 часот на ул. „Ристо Чадо“ кога автомобил „голф“ со охридски таблички удрил во детето

Автомобил вчера удри дете во Охрид, кое поради сериозноста на повредите, било пренесено на лекување во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

loading...

Според информациите на полицијата, сообраќајката се случила вчера во 17.40 часот на ул. „Ристо Чадо“ кога автомобил „голф“ со охридски таблички што го управувал Д.К. (41) удрил во осумгодишно дете од Охрид.

Детето било пренесено во Општата болница – Охрид, од каде што по извршениот преглед било препратено на лекување во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Извор – http://telegraf.mk/

loading...

Остави коментар