Само еден фудбалер може да го достигне нивото на Меси

0
loading...
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдињо смета дека моментално постои само еден фудбалер кој што може да го достигне нивото на Лионел Меси.

Секако, неговиот избор е неговиот сонародник Нејмар. Роналдињо смета дека токму Нејмар би можел наскоро да го достигне нивото на Лионел Меси.

loading...

„Секоја ера има свој најдобар фудбалер, некој кој што доминира. Лионел Меси е моментално најдобар“, изјави Роналдињо и додаде:

„Нејмар ќе го достигне нивото на Меси. Наскоро ќе биде најдобар на светот. Млад е, а веќе има многу освоено. Како и многу други фудбалери, за него е несреќа што игра во ерата на Лионел Меси“, порача Роналдињо.

loading...

Остави коментар