Тевез за три минути ќе ја заработува македонската просечна плата

0
loading...

Аргентинецот потпиша со Шангај Шенхуа каде што ќе има годишна плата од 37 и пол милиони евра годишно. Со тоа Тевез за неверојатни три минути ќе заработува околу 400 евра

Фудбалот веќе од поодамна е заминат по ѓаволите, а последната потврда дојде со трансферот на Тевез.

И официјално Аргентинецот замина во редовите на кинескиот тим Шангај Шенхуа каде што ќе има годишна плата од 37.500.000 евра годишно, со што стана најплатен фудбалер на планетата. Ако се прави споредба со просечните примања во Македонија, Тевез истите ќе ги заработи за три минути.

loading...

Тој ги помина медицинските прегледи во Кина и потпиша договор каков што досега не е виден. Неговиот довчерашен клуб, Бока Јуниорс ќе добие обесштетување од 11 милиони евра. Со тоа ќе се приклучи на тимот каде што играат Обафеми Мартинс, Демба Ба и Фреди Гуарин, додека тренер на овој тим е Густаво Појет.

И покрај овој трансфер, кинескиот гигант не планира да застане бидејќи според пишувањата на медиумите од Европа, сега нивната главна цел е ангажирањето на Анхел ди Марија.

loading...

Остави коментар