Тренерот на Еспањол: Меси го запира времето, тој е единствениот играч…

0
BARCELONA, SPAIN - DECEMBER 18: Luis Suarez and Leo Messi of Barcelona celebrate scoring a goal during the La Liga soccer match between FC Barcelona and RCD Espanyol at Camp Nou Stadium in Barcelona, Spain on December 18, 2016. (Photo by Albert Llop/Anadolu Agency/Getty Images)
loading...
Барселона лесно и убедливо со 4-1 славеше над Еспањол во градската пресметка на „Камп Ноу“, натпревар кој ќе биде запаметен по фантастичните потези на Лионел Меси кој уште еднаш покажа зошто многумина го сметаа за најголем во историјата.

Тој даде еден гол и запиша една асистенција, но на теренот беше брилијантен и си поигруваше со противниците кои немаа решение за него. Посебни комплименти за него имаше предводникот на Еспањол, Кике Санчез Флорес кој најдобро објасни каков виртуоз е Аргентинецот.

loading...

– Тешко е да се сопрат (Меси и Иниеста), зборуваме за едни од најдобрите играчи на светот. Тие му носат убавина на фудбалот, максимално го искористуваат просторот. Беше нормален меч се додека Меси не не растури дефанзивно. Меси го менува секој меч, тој го запира времето. Тој е единствен играч кој може да даде хет-трик на секој натпревар ако тоа го сака, – рече Санчез притоа коментирајќи го неговот разговор со Лео по натпреварот.

– Му честитав за неговата скромност. Тој не се жали, да се фрли на теренот или да зборува. Тоа е импресивно и ние добро се разбираме. Не знам колку дресови имам од него. Мојот син е фан на Барселона и секогаш ми бара дрес од Лео, – посочил предводникот на Еспањол.

loading...

Остави коментар