ФИФА воведува РЕВОЛУЦИОНЕРНО ПРАВИЛО кое целосно ќе го промени фудбалот

0
loading...

ФИФА ја разгледува опцијата за воведување на ново правило во фудбалот со цел да ги заштити арбитрите. Доколку биде прифатено, во идинина само капитените ќе можат да разговараат со судиите во текот на мечот. Ова во разговор за BBC го откри Марко ван Бастен, легендарниот холандски напаѓач, кој сега е шеф во ФИФА за технички развој.

Сето тое е во цел подобрување на однесувањето на фудбалерите, и почитта кон судиите.

„Сигурен сум дека однесувањето на играчите може да се подобри, мислиме дека работите ги поставуваме во вистинска насока“, изјави Ван Бастен.

На почетокот на сезоната англиската фудбалска федерација ги разгледа плановите за намалување на недопустливото однесување на играчите при доделувањето на црвените картони, кога играчите протестираат кај судијата користејќи навредливи зборови и гестови кон нив.

loading...

Така неодамна беше изведена проба кога е во прашање видеото користејќи ја видео технологијата, каде судиите можат да ја повторат снимката во клучните моменти од мечот, а тоа е пофалено и од страна на претседателот на ФИФА Џани Инфатино.

Ван Бастен исто така истакна дека би требало да биде усвоено со цел помагање на арбитрите.

„Тоа е она што мораме да го направиме за да им помогнеме на судиите. Се трудиме да направиме добар производ – динамичен, возбудлив, но и искрен. Имате многу емоции за време на мечевите, и тоа е добро, но мораме истовремено и да ги контролираме“, додаде Ван Бастен, говорејќи за овие промени на правилата, истакнувајќи дека многу може да се научи од секој спорт.

Примерот работи во рагбито и дозволено им е само на капитените да зборуваат со судиите, но и судиите смеај само да разговараат со капитените.

„Во секој спорт можеме нешто да научиме, но можат и тие од нас. Сепак мораме да се соочиме со проблемот“, заклучи Ван Бастен.

loading...

Остави коментар