Цело семејство Чифлиганец на ѕидот на духовен храм: БИЗНИСМЕНИ ПОМЕЃУ СВЕТЦИТЕ

1
loading...

Изреката ,,Лесно е да ти се крстат, ако имаш пари’’ деновиве доби и свој сликовит приказ, откако во црквата Свети Јован Крстител во Скопје, покрај иконите на светците, се појавија и слики од бизнисменот, генерален директор на Адора Инженеринг, професор Др. Ванчо Чифлиганец и неговата сопруга и деца.

Причина за сликите, изработени во стил кој што прилега на иконите, е тоа што Чифлиганец со семејството е ктитор на православниот храм, кој што е еден вид на нивна донација на сите православни граѓани.

 

15240043_10211003214980054_643312744_n

Сепак, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат, откако верници кои што го посетиле храмот, шокирани од тоа што го виделе, ги фотографирале сликте и ги објавиле на своите профили, во неверица дека такво нешто може да се дозволи.

loading...

Во коментарите, најчесто се критикува постапката на Чифлиганец, и се смета дека доволно ќе било само да стои напишано дека тој е ктитор на црквата, некои се уште се уверени дека се работи за фото монтажа, а има и такви кои што веќе на шега започнале да пишуваат ,,Во името на Чифлиганец, амин’’ и ,,Дали се сликите насликани за да им се крстиме?’’

За духовниот храм, кој што е подарок од семејството Чифлиганец за општина Аеродром, каде Адора Инженеринг има најголеми инвестиции, Др. Чифлиганец веќе беше одликуван со највисокото признание на МПЦ, орден Свети Климент Охридски од Прв ред, во 2014 година.

Инаку, Адора Инженеринг е најуспешната компанија во високоградбата во Македонија и има изградено над 30 елитни објекти, 1600 станови и има голем број донации за заедницата.

Покрај сликите на Чифлиганец, и бизнисменот Ристо Гуштеров има свои слики во храмот Света Тројца во родниот Радовиш.

Во минатото, не е познат случај кога се изработувале слики на ктитори во македонските храмови, туку само се испишувало нивното име.

 

 

Извор:fokus.mk

loading...

1 КОМЕНТАР

Остави коментар