Лани ова време започнавме со поголема промоција на нашите дрвени стринг арт слики, од тогаш за нас почна една нова приказна со многу нови изработки, секогаш иновативни, различни и уникатни.
Оваа година решивме да спремиме најразлични рачно изработени подароци за Valentine.
Ова се нашите предлози:
1. Дрвена слика со срце и слика од вас
Супер избор ако сакате помал подарок а сепак да биде персoнaлизиран со ваша слика и да може партнерот/парнерката да си го закачи на ѕид.
![]()
2. Мини плетени срциња со или без текст
Со овој подарок нема да згрешите, мало срце со можност за да се напише име од партнерот.
![]()
3. Кошници со цвеќиња и чоколатца
Целосно рачно изработени дрвени кошници со многу чоколатца во форма на срце се супер избор за овој Valentine + можност за порака за Valentine испишана на самото срце.
![]()
4. Рачно изработена минималистичка слика - Holding hands forever
Ова е одличен минималистички додаток за ѕидот на секој дом. За девојка или за дечко ова е идеалниот подарок, вистинска уметност и изработка која со години ќе трае.
![]()
5. Нашата најбарана дрвена слика со срциња
Рамка со срциња и со слика од вас заедно, нашата најнарачувана изработка специјално изработена за вашата сакана личност.
![]()
Доколку ви се допаѓаат предлозите можете да ги нарачате на нашата Facebook страница: https://www.facebook.com/vinozito.dekoracii.podaroci
Или на нашата онлајн продавница: https://grouper.mk/shop/vinozito