Рачните изработки се израз на креативноста

Рачните изработки се израз на креативноста

Веќе подолго време на социјалните медиуми и во домовите на луѓето може да видиме уникатни слики со различни фигури плетени на шајчиња. Различни форми на дрво, различни бои и персонализирани текстови кои се паметат. Ова е нешто кое скоро две години го правиме. Тим од тројца луѓе посветени во изработувањето на нови креативни подароци и декорации за домот.

Заедно до вас ја доближивме приказната за Виножито - декорации и подароци, каде започнавме да ги споделуваме нашите изработки и декорации. Започнавме со роденденски декорации, продолживме и со различни типови на подароци а веќе подолго време ги правиме и овие дрвени изработки.

Која беше мотивацијата за да се креираат овие изработки?

Се започна како идеја за подарок за блиска личност лани, па набрзо се ближеше Валентајн и решивме да смислиме нови изработки кои ќе бидат и креативни и убаво ќе личат закачени на ѕид и плус ќе бидат со нешто персонализирано кое ќе може секој корисник да си го одбере а тоа е текстот. Набрзо почнавме да добиваме се повеќе пораки за овие изработки и креиравме многу нови и за секој корисник различни со личен печат подароци. Така се повеќе се мотивираме секојдневно да донесеме нешто ново. Во моментов најбарани ни се минималистичките изработки. Подоле е пример за изработките со текст каде секој корисник си смислува текст по желба или заедно смислуваме нешто најсоодветно за приликата.

Колку време е потребно за една изработка?

Изработките не се ни најмалку лесни, потребно е многу време и трпение за нивна изработка. Самата изработка бара обработка на дрво, потоа вреди да се спомне дека секоја форма не е испринтана од интернет туку рачно ја цртаме, па потоа се коваат шајките прецизно со иста висина и на крај доаѓа плетењето и додавањето текст доколку е потребно.

За сето ова потребни ни се од 3 часа до некогаш и неколку дена зависно од сложеноста на изработката. Ова е и убавината кога ќе нарачате рачна изработка, знаете дека е посветен труд, време и љубов за да биде совршена за вас!

Дали може да направите моја идеја како плетена слика?

Секако! Една и од нашите најбарани изработки беше всушност идеја на една корисничка. Никогаш не ни помисливме дека ќе правиме волку различни изработки во кои ќе уживаме но дојде и до тоа благодарение на идеите кои секојдневно ги добиваме и желбите кои се трудиме да ги оствариме. Од бојата и типот на подлогата, до бојата на конците и текстот, се што може да си замислите може да оствариме.

Што е тоа кон кое сакаме да се фокусираме во наредниот период?

Годинава презентиравме нови изработки прво на кружни форми на дрво и изработки со насликана позадина со акрилни бои. Сакаме да дадеме поголема вредност за нашите корисници, направивме и нови пакувања и објавивме различни изработки кои вреди да ги имате во домот или пак да ги подарите и да биде изненадување на годината :) Исто така продолжуваме и со декорации и сега и сетови за родендени кои ќе може сами да си ги поставите и секако многу други нови подароци. Постојано објавуваме нови изработки и декорации на Facebook и Instagram па може и таму да се следат сите наши новости.